Login Form



За нас

Целовкупната опрема со која располога станицата за технички преглед е од најнов тип и е електронски поврзана во централен информатички систем согласно европските и светските стандарди.

Во халата со должина од 33 метри е изграден канал со должина од 26 метри на кој е инсталирана техничката линија за технички преглед од следните елементи:

1. Нагазна плоча за мерење на насоченост на тркалата "Side slip tester" марка Nussbaum, со носивост од 10 тони по тркало. Резултатите од мерењето во м/км се интегрираат и меморираат во централен инфомрационен систем и се отчитуваат на централен монитор.

2. Апарат за проверка на амортизери, систем за потпирање, на лесни и комби возила со максимална тежина по тркало до 5 тони. Апаратот работи како тресач систем по Еу сама метода. Реѕултатите од мерењето се интегрираат и меморираат во централен инфо систем и се отчитуваат на централен монитор.

3. Уред за испитување на издувни гасови, марка Nussbaum тип ЕММА 460. Уредот го мери составот на издувните гасови и дава брзи и прециѕни резултати. Се користи за сите типови на возила со бензински и дизел мотори. Има дополнителна ОБД-функција, користи база на податоци за фабричката подесенсот на моторите и дијагностицира неисправности во подесувањето на мотроите.

4. Кочионен тестер за патнички и товарни возила марка Nussbaum тип BT 6XX. Уредот поднесува максимално оптоварување од 18 тона по осовина, се користи и за возила за 4X4 погон со променлива сирина на патеката од 750 до 2900мм. Поседува електомагнетна и аголен покажувач со 2 мерни скали од 0 до 8КН за патнички и од 0 до 40КН за товарни возила. Во кочиониот тестер е интегриран децилометар за мерење на оспорувањето на возилата кои се користи при контрола на трактори, а исто така е инстелирана и посебана програма за испитување на кочниот систем на моторциклите. Во склоп на тестерот функционира механизам за мерења на статичката и динамичката маса на оската која се испитува и како механизам кои ја оптоварува оската која се испитува со вертикална сила одоздола со поткревање на оската до 200мм. Овој механизам е опремен со 8 сензори со кои се мери тежината која се додава на оптоварената оска. Со кочниот тестер безжичцно е поврзан апарат за мерење на силата на претискање на педалата за кочење, како и сет за мерење на притисокот во воздушната инсталација тип Кит РЦ, кои се користи при контрола на кочниот систем на товарните возила и автобусите. Целокупните резултати од кочниот тестер, со сите интегрирани уреди се интегрираат и меморираат во централен инфо систем и се отчитуваат на центалниот монитор.

5. Уред за развлекување на трапот и контола на еластичните елементи на подвозјето на возилото. Уредот работи на принцип на нагазни плочи со носивост од 20 тони по оска кои го растегнува трапот во 4 правци со безжична команда и ламба за визуелен преглед на повозјето на возилото.

6. Реглоскоп, уред за контрола на насоченоста на светлосниот сноп и мерење на интензитетот на светлината. Уредот е поврзан со централниот инфо систем во кои се меморираат резулататите од испитувањето и се очитуваат и на реглускопот и на централниот монитор.

 

Анкета

Кога последен пат вршевте проверка на вашето возило?
 



ЕУРО КОНТРОЛ © 2010